Не се натпреваруваме во убивање.
Ние не го мешаме спортот со политиката.
Смртта не ја констатиравме веднаш,
сe додека состојбата на умрениот не се влоши.
Се очекуваат рекордни приноси.
Ќе има пченица за помен.
Бевме петстотини години под Турците.
Не фатија на спиење.
Системот на одбрана функционира совршено.
Сите го пцујат агресорот.
Не обвинуваат дека уживаме во војувањето,
Како ние да сме среќни што сакаме да гинеме.
Не гиневме бадијала.
Нашите соседи се радуваа.
Не ги окрвавевме рацете.
Крв имаше само до колена.
Вистината за Србија отиде во светот.
Таа повеќе не живее тука.
Судејќи според бројот на непријатели,
Србија е светска велесила. |