Афоризми од АТАНАС КРЛЕВСКИ


Човечкиот род е во криза –
животните веќе формирале кризна група.

Некои години ги запомнуваме
по тоа што сме ги заборавиле.

Остави простор
да го прегази времето.

Кај нас секоја средина
е малку лево.

Само за одредени кругови
средината е центар.

За свињата, калта е
здрава животна средина.

Не им се сите овци на број.
Живеат во трло без кучиња.

Беше чудо од дете.
Сега е чуден човек.

Нема судир на генерации!?
Возрасните спијат ноќе,
а младите дење!

Цел живот правиме нешто
за нашите потомци.
Тие за нас ќе направат некролози.

Во просек сите се просечни.

Не трчам по успеси.
Знам каде да ги чекам

 

 

 

 

 
 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права