Не сме толку глупи
а да не можеме да напредуваме повеќе.
Претседателството ни е незаменливо.
Никој не дава ниту пет пари за нив!
На пензионерите мора сe да им нацртам.
Еве, вака изгледа млеко, а вака леб.
Животот е полн со чесни и паметни луѓе,
ама јас не ги сретнувам.
По цел ден работам во Собранието.
Што работат пензионерите по контејнерите?
Роварат, роварат!
Нашата трагедија има весел крај.
Цел свет ни се смее.
Изгубив секаква креативност.
Не можам повеќе да ве смислам!
Крадењето е сведено на разумна мера.
Не крадат будалите!
Владата ќе не гурка?
Значи најлошото е позади нас!
Сите стари грешки се поправени,
сега изгледаат како нови. |