Овој народ не заслужи оваква влада
па таа мораше со сила да се наметнува.
Народ кој има толку споменици
заслужува поубаво минато.
Мојот народ е мал.
Никако да порасне.
Народите со кои владеат доживотни претседатели
историјата ги осуди на максимална казна.
Се состанаа Хитлер, Сталин и Тито.
Во личноста на нашиот претседател.
Владата ги предупреди рударите
да не се меша во внатрешните работи на земјата.
Опозицијата напредува.
Виц по виц.
Ми се присторува дека станувам Господ.
Сé гледам, сé слушам, а ништо не правам.
Ние сме јуначки народ.
За водачи ги избираме оние
од кои најмногу се плашиме.
Чие е подземјето, негова е и земјата.
|