Таа партија не сака да открие кој ја финансира,
Бидејќи нивните спонзори не сакаат да се мешаат
во внатрешните работи на нашата земја.
Неопходна е преобразба на собранието.
Од јавна куќа да се претвори во поправен дом.
Се гледа решеноста на народот да излезе од криза.
Зголемување на бројот на самоубиствата го потврдува тоа.
Ништо не ни е подарено.
Сето ова го украдовме.
Полицијата ги фати криминалците на дело.
Ама не смееше да им пречи на министрите во нивната работа.
Владата доцни со реформите.
Инаку пропаста ќе беше побргу.
Конечно ги изведоа мафијашите пред суд.
Судиите поминаа добро.
Подобрена е исхраната на сиромасите.
Набавени се нови контејнери.
Србите се враќаат на своите корени.
Гладта ги натера на тоа.
На нашиот брод не се проблем слепите патници,
туку слепите капетани. |