Политички е коректен.
Секогаш пука меѓу очи.
Кај нас криминалот нема перспектива,
сите крадци се оддадоа на бизнис.
Убиецот беше непресметлив.
Работеше по многу ниска цена.
Не сум генијалец.
Тоа секогаш ми го подметнуваат.
Дури во братоубиствената војна
најдовме достоен противник.
Ја помрдна нишанската точка
и така изврши политичка корекција.
Нашата слаба точка
ја покрива целата државна територија.
Ја барав правдата на суд.
Си го добив тоа што го барав.
Оваа химна ми е добро позната.
Дури се сеќавам и на кафеаната
каде за прв пат ја слушнав.
Не е точно дека нашите политичари се неспособни.
Дури и повеќе, тие се успешни бизнисмени. |