Сиромаштијата се препознава во секакво руво!
Што не можеш денес остави го барем за утре!
Амбициозниот Сизиф упорно тркала камен-темелник!
Секоја борба бара жртви, но секоја жртва не бара борба!
Вистината е во виното. Кафеаните се најреални центри за испитување на јавното мислење!
Ако ви падне секирата во мед,
ќе добиете пријатели здодевни како муви.
Иронија: цел живот пливаш во долгови,
а се давиш во вирче!
Не плукај во празно,
ќе погодиш нечија глава!
Наследникот: го наследи дуќанот,
но не и занаетот.
И зад лажните вредности,
стојат вистински авторитети! |