Афоризми од ДРАГАН РАЈИЧИЌ

Никогаш нема да ја продадеме верата за вечера.
Чекаме поповолна понуда.

Со носталгија се сеќавам на времето
кога бевме со едната нога во гроб.
Тогаш сe уште можеше да се живее.

Децата на револуцијата пораснаа.
Сега се возат со блиндирани џипови.

Истрагата направи голем чекор.
Сега знае и поради кого мора да молчи.

Трошоците за закоп
ја надминаа цената на умрениот.

Лајното прво исплива на површината.
Тоа најдобро се снаоѓа во политичките води.

На мафијата и зададовме тежок удар.
Ја оставивме сама да се снаоѓа.

Кај нас веќе нема примитивизам.
Му ја ебавме мајката!

Зошто основав Партија на слепци?
Па, не можев повеќе да гледам што се работи!

Кога ќе дојдеме на власт, нема ништо
да биде како порано. Особено ние.

 
 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права