Афоризми од ДРАГУТИН МИНИЌ – КАРЛО

Некои научници тврдат
дека Србите и Хрватите се еден народ.
Само, не кажуваат кој?

Да ги избереме најдобрите.
Најлошите веќе се избрани.

Одиме во чекор со останатиот дел од светот.
Гладни сме!

Сите сме незаштитени сведоци
на реформите во судството.

Да ја сакаме Америка!
Што се мора не е тешко.

Навистина, чудно е што на чело на Америка е црнец.
Ама, уште почудно е што на чело
на нашата држава е – белец!

Што се однесува до тешката индустрија,
сега-засега е на лесни дроги.

Ќе победиме, па макар сé да изгубиме.

Тешко е да се биде Србин
кога комшијата нема крава

.

 

 
 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права