Самонаречените српски патриоти најмногу се мачат.
Со вишокот на килограми.
Работничкото самоуправување имаше јасен правец.
Правец – Германија.
Сизиф успеа благодарејќи на планината.
Селанецот – на равницата.
Жртвите не беа залудни.
Никнаа толку Музеи на револуцијата.
Пријателот се избира со срце.
А се запознава со – глава.
Судовите ја укинаа смртната казна.
Поучно е умирањето од глад.
Убиецот е ослободен.
Испоубиени се и обвинението и сведоците.
Денес се прават непотопливи бродови.
На нив најмногу ги ценам чуновите за спасување.
Афоризмот на неделата вреди повеќе од афоризмот на денот.
Во недела весниците се поскапи.
Тито беше грамада од човек.
За време на животот не го собираше
во ниту еден афоризам. |