Сатирата е сериозната страна на смешниот свет!
Бирократијата е муза на сатирата!
Само на Тројанскиот коњ му успеа да влезе во историјата!
За да не мувлоса историјата,
страниците треба да се проветруваат!
Сенките на обесениот не паѓаат врз џелатот,
туку врз совеста на историјата!
Колку демократијата е поголема толку пендракот е помал.
Што ако никого не отепал кога мнозина закопал.
Кај што има апостоли има и Јуди.
Оригинална идеја. Не личи на ништо.
И во демократијата игрите почнуваат од центарот. |