Афоризми од ГЕОРГИ ХАЏИ ВАСКОВ


При продавање ветер и магла
сеуште многумина очекуваат
да добијат мед и млеко.

Од градскиот отпад и селскиот исплив
не може да се гради иднина.

Вистината никако да успее
да ги навлече чевлите навреме.
Лагата секогаш е обуена.

Драмите на народот редовно
ги режираат политичарите.

Нити рецесијата не ни може ништо.
Ние и понатаму сме во транзиција.

Колку помалку ја отвораш устата,
толку помалку ќе бидеш гладен.

Држават е на сите граѓани кои немаат
подобро место за живеење.

Тешко на оние каде за високи цели
се залага – подземјето!

Додека на свадбата улогата на кумовите
е сe помала, во животот е сe поголема.

Кој сака да ја загрози туѓата иднина
сигурно нема расчистено со своето минато.

Пред определувањето на правилата
редовно прво се определува.

Со лаење само песот може
да се надева на подобро утре.

 

 

 

 

 

 
 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права