Подобро е да се биде дебел,
Отколку да се умира од глад.
Големите бродови се насукуваат во плиткото!
Докторите ни ја разболеа политиката.
Кога животот ќе стегне,
пукаат стегнатите.
Ние први ја легализиравме мафијата – на избори.
Мора да бидеш ѓон за да издржиш да газат по тебе!
Тука дипломите се на цена.
Затоа сите ги купуваат.
Сегашна Русија е пример за голем, јак и – глупав!
Докторите си замислуваат дека се ветеринари
па кон луѓето се однесуваат како кон стока!
Лаат по Тито оние кои му јадеа од раце!
На чело на говедата секогаш оди вол! |