Со години го креваше гласот против режимот.
Понекогаш се слушаше и надвор од купатилото.
Беше тоа куртоазна посета.
А потоа излегов од самопослугата.
Кријам дека сув леб имам за неколку дена.
Не сакам повеќето да ги предизвикувам со
своето богатство.
Му доделив милостиња на питачот.
Ја помагам просветата.
Пензионерите ги преплавија парковите.
Пасат ли, пасат.
Демократската револуција не ги јаде своите деца.
Кој би ги сварил!
Кај нас не важи Архимедовиот закон.
Не е во согласност со Уставот.
Демократијата толку бавно ни стигнува,
што дури и бесмртните се плашат дали ќе ја дочекаат.
Мафијаши има сe помалку.
Едвам да ги има за државните функции.
Водачите на мафијашките кланови утврдија
дека кај нас нема организиран криминал. |