Кај нас нема луди крави.
И стоката се опамети.
Работеа како што знаеја најдобро.
А баш така не требаше.
Каде плови овој брод,
знае секој слеп патник.
Србија е слободна земја.
Секој може да ја обработува.
Убиецот се солидаризира со жртвата.
Се брани со молчење.
Џелатот и жртвата се изедначени:
човекот уби човек.
Дали злосторството е исплатливо-
знае само жртвата.
Додека ронат крокодилски солзи,бранителот на
ликот и делото го подигна нивото на мочуриштето.
Истураат глупости.
Да се вратат по трагата.
Кому власта ќе му го измени личниот опис,
тој стигнал до улогата на заштитен сведок.
|