Афоризми од ИВАН КАРАДАК
 

Кога му е жешко на газерот прекипува и кајмакот.

Многу истории се запишани во каменот,
но и многу камења во историјата.

Кај што е џунгла највисоко се качуваат мајмуните.

Ништо не гледам, ништо не слушам –
одлично се чувствувам.

Чекајќи да му падне секирата в мед,
остана без огрев.

Тие го закопаа, а тој – мртов ладен.

Дури и чајникот пишти кога му гори под нозете.

Тешко на религијата во која атеизам проповедаат – боговите.

Сточарскиот занает го имаме во малиот прст.
Знаеме да матиме, молземе и стрижеме.

Балонот прво се дуе па летнува.
Човекот прво летнува, па се дуе.

 
 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права