Работам како коњ
на работното место на магарето.
Колку луѓе мора да убие пушката
за да се амортизира?!
Човечки е да се греши,
рече Господ и го создаде човекот.
На сметка на будалите не живеат
само психолозите и психијатрите.
Ако одиш по човечките траги
често ќе налеташ на куче.
Вардете се од камелеон
кој е секогаш во иста боја.
Сe што лази не е човек.
За да станеш свиња
нема потреба да се родиш во свињарник.
Човечкиот род настана
поради грешка на мајмуните.
Расипаниот воздух помалку ми штети
од расипаните луѓе.
Чудно е овците да го почитуваат повеќе
овчарското куче од својот овчар.
Единствен работник кој има
некаков корист од фотелјата е тапетарот. |