Редовно излегувам на избори.
Тоа е доказ дека постанав од мајмун.
Повеќе не сме евроскептици.
Сега сме србоскептици.
Кога ние ќе влеземе во Европа,
ќе можеме да ја храниме пола Србија.
Влеговме во историјата.
Живееме во деветнаесеттиот век.
Нам не ни треба интернет.
Ние пребаруваме по контејнерите.
Што вреди што народот е за промени,
кога никој не сака со него да се менува.
Да не е наркоманијата,
тука повеќе никој
не би ги завртувал ракавите.
Подобро е два часа во Собранието
отколку да не се спие воопшто.
Ако ги укиниме митото и корупцијата,
тогаш како ќе се лечиме?
Голема Србија е на добар пат од мала земја
да стане голем град.
|