Афоризми од ЈОВО НИКОЛИЌ


Помогни Господе, ако те има.
Ако те нема , кажи да не се надеваме.

Го почитувам социјализмот,
ама не сум за пропаст на светот.

Нашата памет ги надминува
сопствените рамки.
Мозокот на главата и стана
надворешен соработник.

Сега кога мозокот ослободи простор,
создадени се услови
да ни дојде од газот во главата.

Кој плука во височина,
најбргу добива повратна информација.

Влада која не превзема ништо,
решителна е да истрае во своите намери.

Водачот не мора да го сака секој поединец,
за да не се расфрлува љубовта кон народот.

Никогаш нема да го прежалиме.
Вечно ќе плачеме затоа што го имавме.

Се отворивме кон светот.
Со спуштени гаќи чекаме донации.

Во времето додека не бевме браќа,
се водеше студена војна.

 

 

 
 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права