Тоа ним
нашата борба им го даде.
Срцето е најдобар човеков пријател:
го издава само еднаш.
Имаме излез,
само решетките се тесни!
Да не се свртевме кон Запад,
сонцето не ќе ни зајдеше толку рано.
Големата економска криза
најмногу ги погоди малите.
Зошто од политиката очекувате
да биде чесна кога е курва.
Ако е фамилијата
основна ќелија на општеството,
тогаш бракот е ќелија за поединецот.
Додека бевме во ровот
оние од површината не закопуваа.
Кога се повлекуваа
изби на чело.
Да не се држеше исправено
не ќе му паднеше главата.
|