Афоризми од МИЌА М. ТУМАРИЌ
 

Бев пред вратите на пеколот.
Чуварите се наши луѓе.

Подобро е во затвор.
Таму барем има леб и вода.

Се врати на местото на злосторството.
Да ја доврши работата.

Знаеме дека тој ништо не знае.
Ама тој не знае!

Кога се поделивме,
Мене ми падна мака.

Книгата во раце!
Или ќе работи лопатата.

На бришан простор сме.
Секој момент некој ќе си го избрише газот со нас.

На нашите ѕидови нема графити.
Само траги од крв.

Нашиот водач е највреден.
Само за еден ден прави море од глупости.

Го срушија градоначалникот.
Беше грдотија на градот.

 
 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права