Десетте Божји заповеди
се стар завет.
Решивме да го уништиме криминалот.
Ја укинавме полицијата.
Афоризмот е игра со глава
во држава која е во офсајд.
Крајно време е земјата на Србите
да се вика Србија додека има што и кој.
На договори сите одат
со студена глава.
Единствено ние на договори
одиме со празна глава.
Неговата партија би се
поделила на два дела,
ама нема толку членови.
Оние политичари кои лесно
го менуваат дресот,
исклучително лесно се дресираат.
Поедини добитници на нобеловата награда,
повеќе заслужија динамит отколку награда.
Нам воената слава,
ним териториите!
Домановиќ,
врати ни го оној слепиот!
|