Афоризми од МИЛАН БЕШТИЌ



Австралија има повеќе овци од жители.
Нашето избирачко тело е поголемо.

Како пешак имам поголема слобода.
Моите нозе се во моите раце.

Кремирањето може да биде штетно по здравје
бидејќи предизвикува изгореници.

Мислам дека е добро што го убив.
Дали е тоа деликт на мислење?

Остави трага позади себе.
Затоа и не го фатија.

Го прочитав романот од мојот колега. Добар е.
Полош е од мојот.

Религијата е однос помеѓу мене и Господ.
Односот ќе го регулираме на база на полна рамноправност.

Умрев, ама животот оди понатака.

На човек кој има образ
секој може да му удри шлаканица.

Романот не го испуштав од раце сe додека не ми падна,
а потоа ме мрзеше да се наведнам

 
 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права