Ние ја ставаме главата онаму каде
другите не сакаат да стават нешто полошо.
Голем патриот сум.
Ја сакам земјата речиси како себе си.
Сите членови на српската влада
зборуваат англиски, и
зборуваат како што мислат.
Некогаш во мене се бореа
будалата и генијалецот.
Сега е обратно.
Доволно е само секунда невнимание
на избирачкото место, па пеесет
години да заседнат на власт.
Кога дојде демократијата воздивнав
со олеснување и никако не можам
да престанам да воздивнувам.
Толку се збогатија што нивните внуци
не ќе мораат да работат
за доброто на народот.
Дека кај нас се живее с? подобро
не сакаат да го видат само оние
кои за време на транзицијата останаа слепци.
Со нас војуваа најразвиените земји на светот.
Оти од нас има што да се научи.
Сите се на страната на народот.
Затоа е така густо.
|