Овцата што сите ја стрижат
никој не ја шиша!
Ни посадија рогови!
Ловот може да започне!
Фатив голема риба!
Ме употребија како мамка!
Не сметаат за свои!
Затоа и не продадоа.
Нема да промаши!
Пука во празно.
Онаму каде што се дава царство за коњ,
секој коњ си има свое царство.
Да не ги следевме во чекор
ќе приметевме дека се слепи!
Стана клучен човек!
Му проработи калаузот!
Оладете ги главите!
Одиме по тенок лед!
И ѓаволот има жена,
затоа и живее во пеколот!
|