Ако некого и ликвидиравме,
тоа беше во самоодбрана.
Алејата на великаните
се гробишта на револуцијата.
Ќе бидам критичен и самокритичен.
Сите сме виновни.
Братоубиствената војна е доказ
дека и пред војната бевме браќа.
Браќата не се поднесуваат
уште од времето кога не беа браќа.
Дека ова е најотворена земја,
гарантираат тристотини илјади емигранти.
За Санчо Панса,
Дон Кихот беше авангарда.
Кога е апаратот совршен,
копијата е поверна од оригиналот.
Одисеј талкаше сам.
Ние имавме водач.
Го оставивме српот и чеканот.
Западната технологија е подобра. |