Не работи власта сe по свое.
Во име на народот изрекува и смртна казна.
Државниот апарат искри.
Има врска со масата.
Многу народи ги снема.
Не им текна да формираат влада на народен спас.
Коалиционата власт склучи брак од интерес.
Кум и беше народот.
Власта не е заразна.
Не се пренесува на друг.
Во Србија се држи до традицијата.
Кумовите и понатака се убиваат.
Благодарение на луѓето, се зголеми стоката.
Без опашка.
Србија мрда напред.
Таа планетарна појава не се гледа со голо око.
Станавме кооперативни.
Не одбиваме ултиматуми.
Хуманата држава ги штити оние кои се помалку.
Богатите. |