ТРЕТА НАГРАДА ЗА ВАСИЛ ТОЛЕВСКИ ВО ПОЖАРЕВАЦ,
НА КОНКУРСОТ ЗА АФОРИЗАМ И САТИРИЧНА ПРИКАЗНА
БРАНИЧЕВО ДАНАС 2007 – награда МИЛИВОЈЕ ИЛИЌ
 
 

На традиционалниот, трети по ред конкурс за афоризам и сатирична приказна, кој го организира весникот БРАНИЧЕВО ДАНАС , третата награда за сатиричен афоризам ја доби сатиричарот од Македонија, Васил Толевски. Конкурсот се организира во чест на починатиот пожаревачки сатиричар и новинар Миливоје Илиќ.

Награден афоризам:

ГО ПОБИВМЕ ТВРДЕЊЕТО ДЕКА СМЕ ТРУПЦИ.
ПОТОНАВМЕ.

Наградата за најдобра сатирична приказна ја доби Александар Чотриќ од Белград (Србија). Награда за најдобар афоризам Ранко Пивљанин (Србија).

Наградата беше доделена во свечаниот салон на Собранието на општина Пожаревац. На конкурсот учествуваа преку 120 автори од Србија, Црна Гора, , Босна и Херцеговина, Македонија и Хрватска

 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права