Афоризми од НИНУС НЕСТОРОВИЌ




Целиот живот се сведува на шест минути.
На твоите пет и минут молчење.

Подигнете ги главите во вис.
Тонеме с? подлабоко.

Повеќето сме незнаени јунаци.
А имаме и познати личности.

Не сте примени на работа,
затоа што сте премногу паметни.
Повеќе среќа идниот пат.

Беше незаборавно!
Потсетете ме...

Нашите татковци се херои
на социјалистичкиот труд.
Жртвите беа непознати.

Никаде човек.
Зарем толку не вратија во минатото?

Татковино извини.
Најдов друга.

Нема повеќе сталинистички чистки.
Други се времињата, други се луѓето...

Обвинетиот се бранеше од слобода.
Се додека имаше муниција...

 

 

 
 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права