Афоризми од ЖАРКО ПЕТАН


Не плашете се од иднината.
Ќе започне дури утре.

Бедната иднина сепак е
подобра, отколку никаква.

Живееме во најдобриот
од сите можни светови,
ама на погрешен крај.

Што е бон-тон?
Ако на ситиот му посакаш
пријатен оброк.

Успехот е оправдување
само за оние кои успеваат.

Домовината на скитникот е
секогаш некаде на друго место.

Афоризмот е реченица која мисли.

За сите проблеми
бев добро дезинформиран.

Војници без наредба
се пацифисти.

Му служеше на народот,
а хонорарно работеше за себе.

Национализмот е болест
пред која се безбедни само
старите, сенилни држави.

Во склад со бон-тонот
при одење од овој свет
предност имаат постарите.

 

 

 

 
 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права