Во почетокот Господ ги создаде
небото и земјата,
со помош на нашата партија.
Историјата ја пишуваат победниците.
Логично е Каин да објасни
како всушност беше.
Се вративме од мртвите.
За казна.
Исусовата жртва не е бадијала.
Црквата тоа и ден-денес го наплатува.
Би отишол јас во пеколот
да не ми се помили непознатите предели.
Вие не поведовте во светлата иднина,
вие од неа и извадете не.
Органите на гонење никого не следат,
што и самото име ни го кажува.
Колку власта може да го расипе човекот,
тоа не го знаеме.
Уште работиме на тоа.
Оставете ме на мир.
Јас се радував минатиот пат.
На државата и се потребни умни луѓе.
Рацијата е во тек.
Ја истеравме правдата.
Конечно сме сами.
|