Од дволичните единствена полза
имаат само берберите!
Човек како тоа гордо звучи,
само намалете го малку звукот!
На некои и главите
им се породуваат со царски рез!
Толку е голем сноб, што дури и цигарите
си ги запалува со важни дрвциња!
Никој не е поголем од лебот,
направен од едно зрце вистина!
Природата не трпи празно место?
Глупости! Погледнете ми го џебот!
Каква голема неправда!
Сизиф да страда од камен во бубрезите!
Ако денес Давид го убиеше Голијата,
немаше да одговара, затоа што е малолетен!
Можеби светот би изгледал подобро,
ако Адам, наместо ребро го дадеше мозокот.
|