Афоризми од РАДЕ ЃЕРГОВИЌ

Нема повеќе кој да попушта.
Паметните одамна побегнаа од земјата.

Ја распуштив партијата.
Ми се расипа комбито.

Политиката е појака од црквата.
Има повеќе богови.

Србија ми лежи на срце.
Затоа добив инфаркт.

Проверете си ја среќата.
Играјте руски рулет.

Третиот оброк во Србија е тајна вечера.

Верувам во подобро утре.
Учествувам во сите игри на среќа.

Времето работи за нас.
Ние одамна немаме работа.

Гладните треба да се протераат од земјата.
Тие го кочат процесот на демократизација.

Убицата се врати на местото на злосторството
каде беше дочекан со највисоки почести.

 
 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права