Афоризми од РАДЕ ЈОВАНОВИЌ




Претеравме со извоз на памет од Србија...
Кој е будала, може да се врати!

Денес единствено се делат
оние народи чија интелигенција
е на ниво на амеба.

Го сакаш ли од двете зла помалото?
Дајте му на Србинот прв да избира.

Воените злосторници во Србија
немаат право на глас.
Едвам им дозволивме
да се кандидираат.

Не знаеме зошто гинеме.
Во тоа е нашата храброст.

Пукаме еден во друг затоа што
немаме никого поблизок.

Србија е голема тајна...
Не се знае од што живее народот!

Лесно е да се препознаат
народните непријатели.
Ја зборуваат вистината!

Зошто штрајкувачите бараат
леб пред Собранието?
А поминаа покрај толку контејнери.

Пак се колеме.
Не можеме да живееме од спомени!

 

 

 

 

 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права