Афоризми од РАДИВОЈЕ БОЈИЧИЌ
 

Во гомна до гуша сме – тоа е лошата вест.
Добра вест е дека вода ни дојде до грло.

Караѓорѓе, кнез Михајло, Александар Обреновиќ,
Кралот Александар Караѓорѓевиќ, Иван Стамболиќ, Зоран Џинџиќ...
Тие се доказ дека во Србија од политика не се живее.

Во однос на говорот на омразата,
вербалниот деликт му доаѓа нешто како чиста лирика.

Ќе го изгубиме Космет,
ама преамбулата не ја даваме!

Едно време народот ја деше власта.
А тогаш власта се оттргна.

На оние без гаќи - капа долу.

Ние сме на коњ. Каскаме по Европа.

Од говорите на нашите ѕверки може
да се направи убава збирка на басни.

Од оваа положба можат да не изнесат
единствено на – носилки.

Што сакаше писателот да каже
роднините дознаваат во тестаментот.

 

 
 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права