Воспоставив рамнотежа:
Давачките ми се сериозни
а примањата – смешни!
Некогаш Србија тргуваше со свињи.
Денес свињите тргуваат со Србија.
Сe поретко ја споменувам демократијата.
Лошо е да се зборува за некој кој е отсатен.
Ние сме полуписмен народ.
Секој втор Србин
може да потпише капитулација.
Се пронајдов себе си.
А бев изгубен човек!
Да не тргнев по трагите на политичарите
никогаш не ќе влезев во трагата
на најголемите криминалци.
Режимот е успешно демонтиран.
Го продаваме во делови.
Јас сум голем Србин
и тесно ми е во својата кожа!
Не сум воен злосторник.
Колев по куќите!
Сите имаме право
на рамноправност на болките.
Ова е демократска земја!
|