Авионот полетува сабајле,а времето на паѓање
ќе биде објавено во црната кутија.
Ако е човекот најголемо богатство,
тогаш се работи за закопано богатство.
Те сакам до гроб,
ама подлабоко не би одел!
Генерациите кои доаѓаат се позрели.
Веднаш пукаат.
Гробарите закопуваат на работното место!
Крајно време е да се вратам на пишувањето.
Ова е мое проштално писмо.
На мршојадецот книгата на жалост
му е најдобар другар.
Крвната слика на мафијашот е одлична,
ама на плочникот даваше лоша слика.
Сезаме затвори се!
Ме уби промаја.
Минута до дванаесет!
Уште сме пред своето време. |