Слободата ни е скапа
затоа што малку ја имаме.
Нашата ситуација е
секогаш посериозна од нас.
Немајќи ја во вид
кризата на великаните
на спомениците во иднина
ќе останат само коњи.
Сега сите сакаат да бидат виновни,
а каде беа кога се боревме?
Моравме со војни да решиме
кој е помирољубив.
Жртвите не беа залудни:
тоа ќе биде одличен повод
за следна војна.
Србите се најстар народ,
затоа се однесуваат како баби.
Кој помалку знае –
полесно ја крева главата.
Најмногу учевме од тие
што не знаеја што работата!
Доказ дека политиката е курва
е тоа што останавме без гаќи.
|