Луѓето го кршат законот, затоа што законот
Не е прилагоден според нивното владеење.
Злопамтилото има голем мозок.
Ништо не заборава.
- Благодарам мајко, што ме роди.
- Не се заблагодарувај синко, нема на што.
Да го слушнеше умрениот прошталниот говор,
ќе се израдуваше. Ќе помислеше дека умре некој друг.
Далтонистот се ожени со глупачка,
затоа што ги сакаше русокосите.
Не одам никаде, немам кај кој.
А и не ми доаѓа никој – немаат кај кого.
Платениот убиец бара чесен нарачател.
Сите ние сме исти – рече будалата.
Што сум по националност?
Моментално – Црногорец.
Станав џокеј.
Сега сум на коњ. |