Афоризми од СЛАВОМИР ВАСИЌ
 

Демократија – тоа ти е кога имаш
прекрасни спомени
на времето на диктатурата.

Да не беше Колумбо светот ќе беше побогат
за еден континент помалку.

Го лоцирав епицентарот
на светската економска криза.
Се наоѓа баш во мојот џеб.

Преживеавме ние
и поголеми благосостојби.

Не се срамам што работам.
Се срамам што живеам од својата работа.

Јас одлично знам дека Србија е мала земја,
ама дали Србија знае
дека јас сум нејзин граѓанин!?

Нашите политичари не губат време.
Тие губат територии.

Во комунизмот возев велосипед.
А сега одам пешки како господин човек.

Гледај чудо.
Од скршена глава солзи радосници!

Кога ѓаволот го отвори срцето
видов дека ја има мојата душа.

 

 

 

 
 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права