Во Собранието може да влезе секој.
Тоа е јавна куќа.
Почнав да читам мисли.
Опасна литература.
Не дочекаа со леб и сол.
Солта ја ставија на раните.
Птиците умираат пеејќи,
рече кафезот.
Тој џелат беше омилен меѓу народот.
Имаше лесна рака.
Апсурдот дотурка далеку.
Стана државно уредување.
Тие ја задолжија војната.
Ние воената опрема.
Кога е народот неписмен,
писателот е национален предавник.
Не доведоа до пропаст.
Понатака можеме и сами.
Ако сте вонсериски,
ќе ве прогласат за шкарт. |