Афоризми од СРБА ПАВЛОВИЌ
 

Настапи општа веселба,
никој никого не жали.

И кога сум во сигурни раце
имам чувство на давење.

Цел нормален свет – тоа е лудница.

Завртување на шијата оди
и на десната и на левата страна.

Штом човекот настана од мајмун
се знаеше дека детето ќе биде влакнесто.

За голите и босите
модата ја креира владата.

Да не им сме во раце,
би им прогледале низ прсти.

Местата кои треба да се крпат
далеку се од дупките.

Во празните глави си замислуваме мисли.

Гледам дека ви е тешко,
ама морате подлабоко да воздивнувате.

 
 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права