На волот му го симнаа јаремот.
Сега очекуваат доброволно да ја влече колата.
Умрените се слободни.
Ѕидот на гробиштата направен е поради живите.
Да почнеме од почеток.
Природата тоа го прави секоја година.
Животните не се смеат.
Тие ја сфаќаат сериозноста на животот.
Да ја почитуваме планетата.
Таа е наша заедничка масовна гробница.
Цел милениум се пишуваше со гускино перо.
Гуските имаат голема заслуга
во проммовирање на културата.
Кога рика, лавот се обидува
да воспостави контакт со жртвата.
Добро е што не ја знам однапред
датата на својата смрт.
Од возбудување би умрел порано.
Критичарите ја гледаат музиката
и го слушаат сликарството.
Колку се подобро платени,
јасновидците се сé поголеми оптимисти
.
|