И ние ги наполнивме џебовите.
Не знаевме каде да ги ставиме рацете.
Докажавме дека имаме грб.
Се свртевме кон демократијата.
Не можам напред.
Никој не стои позади мене.
Му подигнаа споменик.
Во интерес на истрагата,
имињата на сторителите подоцна ќе бидат врежани.
Обесправените се привилегирани.
Ниедно право не им е загрозено.
Кога го видов братот, ми засолзи окото.
И – го промашив.
Кислород има сe помалку.
Па што? Од воздух не се живее.
И плеснав шлаканица.
Сега не морам да и симнувам ѕвезди од небото.
Сите наши политичари се легалисти.
Прописно се резилат.
Кругот на сомнителни е стеснет.
За главните виновници нема место |