Афоризми од ВЕСЕЛИН ЗИДАРОВ
 

Дајте памперси!
Ни се роди нов партиски лидер.

Ако еден ти каже дека си глупав, не грижи се.
Но ако тоа ти го кажат петмина,
време е... да формираш партија.

Власта често преминува
од еден џеб во друг.

Тргнав по бел свет – и што?
Бел ден не видов.

Имам развиени сетила:
затоа ме поведоа за нос!

Покрај толку тапанари
го загубив тактот.

Во милата ни татковина,
мајката ни ја расплакаа.

Ако решите да ми одете по нервите,
најпрвин собујте се!

Излезеш ли надвор од себе,
нема далеку да стигнеш.

За некои, одењето по маките,
е единствена забава.

Зошто не живееме како Швајцарците?
Затоа што во Швајцарија
ги молзат кравите, а тука нас.

Да се живее со малку пари е талент,
но да живееш без пари е – генијално!

 

 

 

 
 
 

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права