Воздушната операција успеа.
Пациентот научи да лета на сите страни.
Пирамидата на власта тешко се руши,
бидејќи подземјето е најчврсто.
Народот намерно штрајкува со глад,
за пратениците да се чувствуваат непријатно во ресторантот.
После битката сите се генерали.
Полни се лудниците со нив.
Да водиме љубов наместо војна!
Тоа и работиме – војуваме.
Снајперот е подобар од гилотината,
жртвата не мора однапред да се подготвува.
Откако со светот воспоставивме добри односи,
живееме како во јавна куќа.
Нема повеќе редови за леб,
ама редот за гробови некако се издолжи.
Заради метеж на победничкото постоље,
дојде до природна селекција.
Сабјата не можеше да го пресече
ланецот на криминал заради тапиот врв.
|