Имам лош слух, ама слушам сешто.
За ова денес никоју не е виновен.
Сите се заслужни.
Европа и ние. Тоа се два ентитети.
Без Косово живеевме шест векови.
Повеќе не можеме!
Станавме совршено општество.
Не има секакви.
На Балканот сме само два милениуми,
а веќе сме во транзиција!
Западот нема перспектива.
Таму неработникот не може да состави ни три дена.
Нашиот народ одсекогаш ја почитува власта.
На тоа и Турците се восхитуваа.
Советникот го истерав после првиот совет.
Тој мене ќе ме учи!
Жал ми е за останатиот свет.
Никогаш нема да биде како нас! |