Како да удрам мотика врз својата земја,
кога толку многу ја сакам?!
Го исфрлија на улицата која подоцна го доби неговото име!
На Бадник во погачата си го најдов личниот доход!
Писатели, пишувајте романи со повеќе глави.
Како и да е, една ќе се погоди паметна!
Од своите деца со странски имиња,
направивме луѓе без именден!
Директорот ја изнесе материјалната положба
на претпријатието и ја однесе-дома!
Од кога тоа на македонскиот човек наградните игри му станаа
поблиски од – народните!?
Ние отсекогаш сме имале славно минато,
неизвесна сегашност и редовно - светла иднина!
Ние сме земја со најмногу рецепти на јадења
и со најмалку можност за нивна практична примена!
Ако Парламентот е отворен за сите граѓани,
зошто од собраниското бифе не направите “народна кујна”! |