Од двајцата извонредни кандидати
го избравме помалото зло.
Ние можеби и погрешивме, ама тоа беше
единствено исправно во тој момент.
Човекот е нашето најголемо богатство.
Затоа на неговата експлоатација
се обрнува посебно внимание.
Никој не треба да го руши споменот на големиот водач.
Тој мора да живее како опомена.
Откриен е центарот на организираниот бунт.
Нислите доаѓаат од главата.
Ние не можеме да се изгубиме
затоа што не знаеме каде тргнавме.
Ние мислиме на иднината.
Секој ден се прашуваме што ќе биде со нас.
Ги репрограмирав долговите.
Господ ќе им плати.
Некогаш се јадеше трипати на ден.
Денес темпото не е така убиствено.
Ние можевме и подобро,
ама тогаш тоа не би биле ние.
|