Кога ќе го објавам својот
најдобар политички афоризам,
резервирајте ми место во жалните вести.

За да станам вистински Македонец,
на комшијата му купив коза.
Сега го молам Господ да му цркне!

Повеќе ја сакам владата отколку жената!
Владата поредовно ме секса.

Мојата влада не може да пее македонски песни!
Пола влада не знае македонски.

Во Библијата пишува: Не кради.
Ама каде се чуло и видело министер да чита Библија!?

Наш политичар пропадна во септичка јама.
Околината го прифати како свој најблизок.

Македонија нема територијани претензии кон никого.
Па дури ни кон Западна Македонија!

Порано беше страв и трепет.
Сега во опозиција, трепери од страв!

Докажавме дека не сме балвани!
Потонавме.

Во мојата земја нема масовни гробници.
Освен…ако не ја сметате мојата земја!?

На Балканот e најтешко да си Македонец!
Едно газе...а многу кандидати!

Немојте да ме сметате во сточен фонд.
Јас само така живеам.

Немојте да се чудите кога ќе видите
како наш пратеник си ја брише устата со тоалетна хартија!
Знае тој што правеше на говорницата!

 

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права